Во Битола почнува фестивалот на класична музика “Интерфест“

Битола, градот на клавирите од 2-ри до 11-ти октомври ќе биде домаќин на 28-то издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“. Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ кој традиционално се одржува од 02-12 октомври е основан во 1992 година. Иницијатор, основач и негов прв директор е Милица Шперовиќ-Рибарски, пијанист и професор на ФМУ Скопје. Соосновачи се: Кирил Рибарски, македонски тромбонист со светско реноме и Благој Стефановски, директор на Народен театар Битола.

Овогодинешното издание ќе се отвори со Гала оперски концерт на солистите и оркестарот на Македонската опера и балет. На програмата се  концертите на Томе Костовски – пијано, Дуо Хармоника/пијано од Италија, Дуи гитара/пијано од Италија, Барокно Трио “Стара музика” од Италија, Дуо Фортечело од Франција итн. Програмата вклучува и театарска претстава на битолскиот театар.

Целосната програма е достапна на официјалната страна на фестивалот.

Повеќе на Музика24...