Во четврток концерт „Поле за игра“ во Македонска филхармонија

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во четврток насловен „Поле за игра“ на која како солистка ќе настапи исклучителната виолинистка Ајман Мусахоџаева од Казахстан. Диригент е Сашо Татарчевски, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Менделсон и Симфонијата број 96 „Чудо“ од Хајдн.

Виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан е на листата на исклучителни музичари на 20-от век која ја направи Енциклопедијата на универзитетот во Кембриџ, а од биографскиот центар на овој угледен универзитет ја доби и титулата „Интернационален уметник за 2003 година“. Мусахоџаева е и „Уметник на мирот“ на УНЕСКО, а наградена е од претседателот на Италија и од Ватикан за своите уметнички достигнувања.

Соработувала со музичари како Миша Мајски, Бруно Канино, Виктор Третјаков, Владимир Спиваков и многу други. Зад себе има неколку це-деа, меѓу кои и за „Дојче грамофон“ со пијанистот Павел Гиљов, и со Виенската филхармонија. Како солистка настапувала со Виенската филхармонија, Ројал симфони оркестра, Синфонико ди Рома, Националниот симфониски оркестар на Русија, Европскиот симфониски оркестар и други ансамбли под диригентската палка на Владимир Федосејев, Валери Гергиев, Владимир Ашкенази, Михаил Плетнев, Пол Коган, Владимир Пиаваков, Михаил Јуровски, Фуат Мансуров и други. Свири на виолина „Страдивариус“ од 1732 година.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com