Во Македонската опера и балет во петок – “Лебедово езеро”

Македонската опера и балет и овој пат ви ја најавува изведбата на безвременскиот балет “Лебедово езеро” која што изведба е закажана за 12-ти април, со почеток во 20 часот.

“Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, “Лебедово езеро” ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид”, велат од Македонската опера и балет..

Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти. Во улогата на Одета/Одилија настапува Марија Кичевска – Шокаровска, Принцот Зигфрид е Бобан Ковачевски и во улогата на Ротбарт е гостинот од Италија Давиде Буфоне. Настапуваат и солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент: Бисера Чадловска.

Како што не информираат од Македонската опера и балет, Ирена Пасариќ која што е национална првенка на Хрватска, ќе гостува во НУ МОБ каде што ќе ги држи задолжителните вежби на Балетот и пробите за престојните претстави “Лебедово езеро”.

Повеќе на Музика24...