Во Скопје недела на турскиот филм од 23-ти до 26-ти април

Недела на турски филм ќе се одржува од 23-ти до 26-ти април, ќе бидат прикажани шест долгометражни и два документарни филма, а на проекциите ќе присуствуваат актери и режисери на филмови од програмата.

Филмската недела ќе се одржува во Меѓународниот балкански универзитет во Скопје и во кино “Милениум”. Ќе почне во вторник со филмот “Балкајмак” снимен во земјава, во присуство на режисерот Онур Тан и актерите Турција Тарик Унлуоглу, Ѓуленај Калкан, Октај Кајнарџа, Јунус Емре Јилдиример, Мелиса Јилдиример и Сабина Тозија.

Ќе бидат прикажани и долгометражните филмови: “Хаос”; “Ајдеде – патување кон Месечината”; “Хуркуш – херојот на небото”; “Халеф” и “Сите блаженства се возможни” и документарните “Ѓобеклитепе” и “Тамбурица”. По проекциите публиката ќе може да дебатира со гостите од филмските екипи. На 24-ти април ќе се одржи кинематографска работилница на Турција – Република Македонија, која ќе овозможи продлабочување на соработката меѓу филмските автори од двете земји.

За затворањето на Неделата на турски филм на 26-ти април ќе гостува Балканскиот симфониски оркестар на Универзитет “Тракија” од Турција. Неделата на турски филм се организира со поддршка на Генералниот директорат за кинематографија при Министерство за култура и туризам на Турција.

Повеќе на Музика24...