Возбудливото “Ана Кап трио” во Камерната сала на Македонска филхармонија

Неконевенционалниот музички состав од Франција “Ана Кап трио” во сабота на 15-ти февруари со почеток во 20 часот во Камерната сала на Македонска филхармонија премиерно пред македонската публика ќе го претстави своето возбуливо “Траума шоу”. Во ова трио свират Пјер Миле – труба, Мануел Декок – виолина и Жан Мишел Трото – хармоника.

Во ова лудо и поетско шоу, “Ана Кап” триото свири, пее, танцува и “распарчува” и ништо не е оставено на случајноста. Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на швајцарски часовник.

“Траума шоу” на француското трио “Ана Кап” е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни. Тоа се тројца извонредни музичари: фасцинантен трубач кој по секоја цена покажува неизвесност, среќен хармоничар со биполарна тенденција и срамежлив и измачуван виолинист, кој се обидува, најдобро што може, да ја спаси фарсата.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.