Магазин

Александар Македонски починал од коронавирус?! (Фото)

Раководителот на истражувањата на Самоиловата тврдина ми кажа дека ги нашол моштите на Александар Велики и утврдено е дека владетелот умрел од Ковид-19.

Ова за бугарскиот веб портал “Фокус” го изјави археологот, проф. Николај Овчаров, во врска со информациите за постоење на вирусот Ковид-19 со илјадници години, откриен при истражувањата на Самоиловата тврдина во Македонија во текот на 2002 година.

“Кога ми го соопштија тоа, јас му ѕвонев на мојот пријател Паско Кузман, кој долги години раководеше со ископувањата во Самоиловата тврдина и кој таму има многу интересни откритија. Сега нешто што тој не го соопштил за медиумите и го крие, но јас ќе го кажам во негово име. Тој таму го нашол и гробот на Александар Велики, што го барал целиот свој живот. По биолошкото истражување на коските, што е направено, се покажува дека Александар умрел од коронавирус”, вели уште археологот.

Според него, тоа е големо откритие, што му го соопштил неговиот пријател Паско Кузман. На прашањето дали вирусот во 2002 година се појавил повеќе од коските, отколку од монетата како што порано беше соопштено, професорот Овчаров изјави дека тоа се уште не може да се каже.

“Во секој случај, епидемија имало и мистериозната смрт, која не се знаеше од што е, всушност е од коронавирус” дополни проф. Николај Овчаров.

Можеби ќе ве интересира: