Магазин

Експертите предвидуваат: Во декември се очекува светски “бејби бум”

Целиот свет е во самоизолација, коронавирусот затвори дома милиони луѓе. Додека едни стручњаци предвидуваат масовни разводи, други масовно посетување на психолог, англиските медиуми, пак, пишуваат дека ова седење дома за девет месеци ќе предизвика нов “бејби бум”, односно со седењето дома паровите ќе имаат повеќе време за секс, а тоа ќе значи и зголемен број на бремености.

“Ваква состојба до сега никогаш не сме имале. Времето кое паровите ќе го поминат дома се мери со месеци, па голема е веројатноста породилиштата кон крајот на годината да имаат многу повеќе работа отколку вообичаено”, пишува “Метро”.

Англискиот министер здравје Мет Хенкок на Твитер напишал:

“Како министер задолжен и за породување, баш се прашувам колку ли работа ќе имаме за околу девет месеци”, пишува Хенкок на Твитер. “Метро” пишува и дека некои од паровите бебето ќе го дочекаат како добредојде, но постои и веројатност дека многу други ќе бидат загрижени поради финансиската неизвесност и стрес, кое вонредната состојба го носи со себе.

Можеби ќе ве интересира: