Што знаете за Данска? Најверојатно ви е познато дека Данска е дел од Скандинавија и дека главниот град е Копенхаген. Има и некои други факти за оваа северна земја кои не се толку познати, а се интересни и ќе посакате да живеете во оваа држава.
А кои се тие интересни факти и нешта кои би требало да ги знаете за оваа држава, прочитајте во продолжение:
- Данците се најсреќните и најспокојните луѓе во светот.
- Данското знаме е најстарото знаме кое што и понатаму се користи, а го употребуваат од 1219 година.
- Не се казнува обидот за бегство од затвор. Затворениците ја служат истата казна од претходно.
- Данските власти уште во 1989 година ги признале истополовите бракови.
- Во Копенхаген се наоѓа забавниот парк Тиволи кој е најстариот забавен парк во светот. Отворен е во 1843 годинa и бил инспирација за многу други паркови во светот, вклучувајќи го и Дизниленд.
- Данска е првата земја во светот која почнала да користи отпечатоци од прст како доказ на суд.
- Улицата Строгет во Копенхаген важи за најдолгата пешачка зона во светот (1,1 км). Денеска има и други улици од тој тип, но повеќето од нив се направени по примерот на Строгет.
- Најпознатиот дански бренд се ЛЕГО коцките.
- Данците работат од 8 наутро до 4 попладне. Повеќето продавници се затвораат во 5 или 6 часот попладне, па луѓето најчесто пазарат за викенд.
- И покрај високиот животен стандард, Данците не возат автомобил, бидејќи регистрацијата достигнува и до 100% од цената на самиот автомобил.