Магазин

Се затвора првиот нудистички ресторан во Париз

Петнаесет месеци откако беше отворен, првиот нудистички ресторан во Париз “О‘Натурел” ќе престане да работи наредниот месец. Иако Париз е една од водечките нудистички дестинации на светот, ресторанот не успеал да привлече доволно муштерии. Неговите сопственици, близнаците Мајк и Стефан Сада, на Фејсбук објавија дека на 16-ти февруари ќе им биде последниот работен ден.

За разлика од нудистичките плажи во Париз кои се отворени само во топлите месеци, концептот на “О‘Натурел” беше да понуди “задоволство да јадете голи преку цела година во градот кој ги почитува природните вредности”.

Муштериите се соблекуваат голи по влегувањето во ресторанот и притоа мора да ги остават своите мобилни телефони, бидејќи снимањето внатре е строго забрането. На менито е само француската кујна, но ресторанот, сепак не е целосно нудистички, бидејќи храната ја служи облечен персонал.

Можеби ќе ве интересира: