Магазин

Заборавила 40.000 евра во автобус, возачот ги нашол и ги вратил на сопственичката

Французинка заборавила торба со 40.000 евра во автобус во градот Нимес, на југот на Франција. Потоа полицијата ја повикала жената да си ја земе торбата со пари, пишува весникот Миди Либре. Возачот на автобусот ја нашол торбата и ја оставил во багажникот на автобусот без да погледне што има во неа. Друг вработен ја отворил торбата и во неа нашол 40.000 евра, како и документ кој го докажува легалното потекло на парите.

Можеби ќе ве интересира: