Магазин

Знаете ли кои се најчести имиња во Македонија и кое е нивното значење?

На секои сто машки Македонци барем двајца се викаат Александар. Официјалната статистика пребројала дека ова е најчестото машко име затоа што вкупно 23.510 илјади Македонци го носат ова име. Кај женските имиња најчесто е Марија, кај нив пак од 1.027.868 жени дури 21.364 се викаат Марија. Пропорцијата покажува дека на секои 50 жени во земјава една се вика Марија, а официјалната статистика покажува дека повеќе од 10.000 илјади Македонци ги носат имињата: Зоран, Никола и Горан.

По Александар, најчесто име е Зоран и го носат 16.449 илјади граѓани, Никола го носат 15.740 илјади лица, а Горан 12.392 илјади лица. На листата на најпопуларни машки имиња најретко е Стефан и го носат 8.145 илјади лица.

Статистиката покажува дека на секои три женски бебиња кои го добиваат името Марија, по едно по добива името Ивана и Катерина кои се најмалку застапени меѓу првите 10 женски имиња. Анализата покажува идентичен сооднос и кај машките имиња. На секои три машки бебиња кои го добиваат името Александар, кумовите крстат по еден Илија или Стефан.

А знаете ли кое е значењето на одредени имиња? Прочитајте во продолжение:

-Значење на машки имиња

  • Александар – името има грчко потекло и означува бранител на луѓето, заштитник на луѓето и воин.
  • Зоран – името има словенско потекло и означува зора, изгрејсонце.
  • Никола – името има грчко потекло и означува победа на народот.
  • Горан – името има словенско потекло и означува човек од планината.
  • Драган – името е со словенско потекло и означува драг, скапоцен човек.
  • Петар – името е со грчко потекло и означува камен, карпа.
  • Игор – името има руско потекло и означува војник, стрелец.
  • Илија – името е библиско, со еврејско потекло и означува “Господ е мој Бог”.
  • Стефан – името е библиско, со грчко потекло и означува круна, венец.

-Значење на женски имиња

  • Марија – името има латинско, но и еврејско потекло. Морска ѕвезда – според латинското потекло. Според еврејското потекло можно е да значи: бунтовништво, море од горчиња.
  • Елена – името е со грчко потекло, македонска верзија на Хелена. Означува сончев зрак.
  • Билјана – старословенско име, кое означува билка, растение.
  • Весна – име со словенско потекло, Весна била словенска божица на пролетта, па од таму значи и пролет.
  • Виолета – латинско име, означува цвеќе со виолетова боја – љубичица.
  • Александра – бранителка и заштитничка на луѓето
  • Сузана – име со еврејско потекло, од зборот shoshan – лилјан или ружа, а коренот на зборот означува: радосна, весела, светла.
  • Катерина – име со грчко потекло, означува чиста како солза.
  • Ивана – еврејско име, женска форма од името Јован. Означува “Бог е милостив”.

Можеби ќе ве интересира: