Културо

“Фото момент” на Дарко Попов изложена во автобусот број 7 на ЈСП (Фото)

Почнувајќи од денес 12-ти јули, во автобусот на ЈСП со бројот 7 ќе биде поставена изложбата на фотографии на Дарко Попов насловена како “Фото момент”.

Објективот на “Фото момент” прикажува “замрзната” сегашност на уникатните мигови од секојдневието. Целта на изложбата да се смести во простор “кој се движи” е на урбан и спонтан начин да овозможи уметност која ќе допре до граѓаните кога тие најмалку се подготвени за неа.

Дарко Попов повеќе од петнаесет години се занимава со фотографија како професионален фоторепортер на Медиумската информативна агенција МИА. Изложбата е дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година.

Можеби ќе ве интересира: