Културо

Годинава традиционалниот Василичарски концерт посветен на најголемите хитови

Традиционалниот концерт во чест на празникот Василица кој се одржува во Македонската опера и балет, годинава е насловен „Најголемите хитови“. На концертот што ќе се одржи на 12-ти и 13-ти јануари, повторно диригент ќе биде Бисера Чадловска.

„Оваа година концертот e со наслов „Најголемите хитови“, направен е избор од најдобрите хитови од досегашните Василичарски концерти, со симфониски аранжмани. Публиката ќе има можност да ужива во популарните странски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од Оркестарот“, најавуваат од МОБ.

Билетите чинат 1.000 и 1.200 денари, и се во ограничен број, а се продаваат онлајн и на билетарата на Македонската опера и балет. Концертите ќе се одржат според протколите за одржување јавни настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, со задолжително носење заштитна маска.

Можеби ќе ве интересира: