Босиљчиќ: „Охридско лето“ е мојата голема младешка љубов (Фото)

Со стихови од најголемите светски автори, со поезија од српски поети, но и од македонските великани Блаже Конески и Анте Поповски  проследени со познати мелодии, големиот српски актер Иван Босиљчиќ вчеравечер на „Охридско лето“ го донесе драмскиот проект „Наша вечер во Охрид“. 

Поезијата интерпретирана од Босиљчиќ на сцената „Долни Сарај“ претставуваше едночасовна исповед на љубовта кон животот, жената, детето, кон Бог….. Со проектот „Наша вечер во Охрид“ тој потврди дека уметноста е бесмртна и буди благородни чувства. 

-„Ваквите проекти се извонредно прифатени од страна на публиката во регионот. Јас веќе една деценија ги правам овие авторски програми  каде ги потсетувам луѓето дека сѐ уште постои поезијата и оти поезијата и тоа како е вибрантна во ова време на прегласна музика каде е тешко да се вратите повторно. Она што е специфично за оваа програма е тоа што публиката секогаш се враќа назад. Во публика гледам исти лица. Луѓето доаѓаат во Белград од целиот регион, и знам дека и луѓе од Србија беа на „Охридско лето“. Патувавме до Исланд и таму најдовме наши луѓе. Правевме големи турнеи низ Канада и Европа и секогаш ни доаѓаше  публика што реагираше бурно и емотивно. Постојано слушаме критики како ова време во кое живееме е тешко затоа што нема содржини. Содржини има, а нам уметниците ни останува дали ќе им ги понудиме на луѓето“, вели драмскиот уметник и актер Босиљчиќ. 

Топлата и сензибилна поетска експресија флуидно зрачеше околу публиката на „Долни Сарај“   која не ја криеше возбудата од понудената програма на „Охридско лето“ и не ги штедеше аплаузите. 

-„Оваа книжевна вечер која е драмски проект одлично се вклопува во класичната боја на селекцијата. Иако е книжевна, луѓето мислат ќе има едноличен ритам, без големи емотивни скокови, но нашата вечер во Охрид беше потполно спротивно од тоа. Таа ја носеше возбудата на драмската претстава и квалитетот на концерт со класична музика“, додава големиот театарски и филмски актер Иван Босиљчиќ. 

Со него настапија и двајца извонредни мајстори на гитара, Горан Ковачиќ кој  е професор по класична гитара од Белград и Зоран Стојановиќ, исто така професор по гитара кој со години живееше во Португалија и свиреше заедно со најголемите фадо ѕвезди. 

-„Тие двајца внесоа музички нијанси на оваа програма, еден класичен дух кој кореспондира со останатите учесници од светот на класичната музика на фестивалот. Зоран Стојановиќ ни го донесе духот на Португалија, на отвореното небо и широкото море кое многу потсетува на Охрид и езерото“, кажа Босиљчиќ кој публиката ја изненади и со одличната изведба на неколку музички нумери, меѓу кои и познатата „Тајно моја“ од Тоше Проески. 

Тој призна дека фестивалот „Охридско лето“ е неговата голема љубов од младоста. 

-„Охридско лето“ е мојата голема младешка љубов. Пред 15-тина години овде гостував со Белградскиот театар на Теразија, единствениот музички театар на Балканот каде ја игравме претставата „Циганите летаат на небо“ и таа година претставата ни донесе победа во драмска категорија. Многу добро се сеќавам дека средбата со македонската публика во Охрид и амбиентот на охридскиот амфитеатар ми беше нешто потполно ново во кариерата и остави големи траги врз мене. Кога се вратив во театарот како да се вратив во кутија и засекогаш го запаметив отвореното небо над кое играв во Охрид“, се присетува српскиот актер. 

Со својата скромност, срдечност, искреност и приемчивост, а пред сѐ, почит кон публиката, Иван Босиљчиќ синоќа покажа дека неговиот уметнички кодекс на сцената е во одлична корелација со неговиот космополитизам. Публиката и по завршувањето на концертот не стануваше и бурно му аплаудираше за извонредната вечер посакувајќи таа да трае уште долго. 

 

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com