Културо

Мајските оперски вечери продолжуваат со балетскиот спектакл “Балетски бисери”

46-те Мајски оперски вечери продолжуваат и утревечер (15.5) со гала балетскиот спектакл “Балетски бисери” и изложбата “Почетоци 1948 – 1980” во пресрет на 70 годишнината од основањето на националниот балет.

На 1 јули 1948 година со решение на тогашниот директор на МНТ Коле Чашуле, со декрет на Советот за просвета на Народна Република Македонија, како сценска активност на работно место во Операта, се формира македонскиот балетски ансамбл. Истовремено, со обука на првата генерација балетски уметници се одвива сценската активност која резултира со прва балетска претстава премиерно прикажана на 30 декември 1949 година. Тоа е четириактниот балет “Бахчисарајска фонтана”.

Изложбата “Почетоци 1948 – 1980” е посветена на првите генерации балетски уметници од кои понатаму ќе се трасира патот, иднината на македонскиот балет каков што денес го познаваме и доживуваме. Ова е само мал вовед во големиот јубилеј кој македонскиот балет заедно со својата публика ќе има чест и задоволство да го прослави во претстојната сезона 2018/2019.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: