Културо

Нови Сад – Европска престолнина на културата за 2022 година со повеќе од 1.500 настани

Градот Нови Сад, како Европска престолнина на културата за 2022 година, ќе претстави повеќе од 1.500 културни настани и 4.000 локални, национални и интернационални уметници, во вкупно осум програмски целини.

Според фондацијата „Нови Сад – Европска престолнина на културата“, од тоа повеќе од 1.700 ќе бидат европски и светски уметници од кои, пак, над 45 ќе ја раскажуваат приказната на Српска Атина низ визурата на заедничките европски вредности, но и предизвици.

Програмата на Европската престолнина на културата е насловена „За нови мостови“ и деновиве беше претставена во Градската концертна сала во Нови Сад, како и дел од истакнатите настани и учесници. Меѓу учесниците е и „Бург театар“, една од најценетите сцени во светот, кој на претстојниот „Калеидоскоп на културата 2022“ ќе гостува заедно со „Арс електроника“, познатиот европски центар за новомедиумска уметност, додека, пак, Катедрата за сценски дизајн на Факултетот за технички науки во Нови Сад ќе се здружи на „Калеидоскопот“ со Прашкото квадринале, најзначајната светска манифестација посветена на сценографијата, сценскиот дизајн, архитектурата и просторот во сценската уметност.

Можеби ќе ве интересира: