“All i want for Christmas” отпеана од познати светски музички имиња (Видео)

Пополека но сигурно изминува и овој предпоследен месец од оваа 2018та година, а веќе следниот месец, декември како и вообичаено започнува онаа чудесна магија, онаа неопислива предновогодишна еуфорија која е нешто најубаво што може некому да му се случи во годината. Сите сакаат да го имаат она чувство, онаа радост и среќа која што вообичаено децата ја имаат, но доколку навистина сакаме и живееме во тој предновогодишен свет, верувајте тоа и ќе се случи.

Иако видеото е речиси пред 2 години, сепак, онаа новогодишна и никогаш незаборавена песна “All i want for Christmas” од Мараја Кери е песната која што во видеото подолу ја пејат и во неа уживаат: Лејди Гага, Адел, Селена Гомез… и уште неколку познати светски музички имиња, а сето тоа е дел од познатото тв шоу “The Late Late Show”. Како звучи овој предновогодишен хит отпен од многу светски музички имиња, погледнете во продолжение.

И не заборавајте, Дедо Мраз постои, имате уште време да му напишете писмо 🙂

Повеќе на Музика24...