Дали 8Д-технологијата e соодветна алтернатива за музички настани?

Можноста 8Д-аудиото да ги замени музичките настани или да им помогне на оние што сакаат да се чувствуваат како да се на концерт сега е отворена за дебата. Сепак, терминот 8Д-аудио не значи дека станува збор за осум димензии во аудиопродукцијата. Тоа е само ефект што некои продуценти го користат во постпродукцискиот процес кога техниките за изедначување и автоматизираниот ефект на планирање се додаваат наизменично одлево надесно во конечниот микс на лентата. Ова може лесно да се разбере доколку погледнеме кои било слушалки. Регуларните слушалки имаат два физички канали: лев и десен, а едниот може да го прелее звукот налево или надесно или да избере специфичен звук што едната или другата слушалка ќе го свири.

Кога станува збор за 8Д-аудио, процесот на снимање е приближно ист како оној што се гледа во регуларните студија. Сепак, оние што создаваат 8Д-музика ги контролираат различните стереоделови од албумот, префрлајќи ги во симулирана околина од 360 степени за да генерираат физичко движење. Земајќи го ова предвид, 8Д-аудиото не значи осум димензии, туку осум насоки. Она што го прави 8Д-технологијата е, всушност, симулирање на чувството за движење на звукот во круг во главата на слушачот. Овој ефект дава чувство дека тој е во средина на празно опкружување каде што звукот навидум доаѓа од сите насоки и извори.

Она што не тера да веруваме дека 8Д-аудио може да биде привремена алтернатива за музички настан во живо, е фактот дека најдобрите примери на 8Д-аудио може да стимулираат емоционален и психолошки одговор, нудејќи му на слушателот искуство слично на концерт во живо. Јутјуб е одлично место каде што можат да се пронајдат неверојатни 8Д-аудиопримери. Иако не може да се негира фактот дека ова можеби е одлична привремена опција за време на пандемија, замената на музички настани во живо со 8Д-аудиоискуство засекогаш е нешто што тешко можеме да го замислиме.

Автор на текстот: Ирма Башеска Ристовска / Нова Македонија

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com