Дали музиката влијае на продуктивноста?

Спроведеното истражување потврди дека слушањето музика влијае врз продуктивноста, но неодамнешните истражувања покажаа дека некои жанрови мотивираат и ја зголемуваат продуктивноста повеќе од другите. Најпопуларната музика за подобрување на продуктивноста е класичен рок.

Резултатите покажаа дека продуктивноста е најдобра под влијание на класичната рок музика, потоа алтернативната и поп музиката. Хип-хоп и хеви метал се препознаени како жанрови кои го одвлекуваат вниманието.

Повеќето испитаници беа многу согласни во една работа. Имено, тие се согласија дека музиката е омилен позадински звук на работното место. 94 проценти од испитаниците слушаат музика на работа, 42 проценти слушаат радио, 35 проценти подкаст, 25 проценти вести и 15 проценти аудио и видео записи.

Сепак и покрај трендот и резултатите од истражувањето, експертите велат дека тишината се уште е најдобро решение за тешки деловни задачи.

Повеќе на Музика24...