Дали знаете која е најслушана песна во последната деценија? (Видео)

На еден сајт за слушање музика објавена е листа на најслушани песни, албуми и изведувачи во последните 10 години, а откриле дека изведувачот чија музика луѓето најмногу ја слушаат е Дрејк.

Раперот собрал повеќе од 28 милијарди кликови, а неговата најпопуларна песна “One Dance” е преслушана 1,7 милијарди пати. На второ место е Ед Ширан, а потоа се Пост Мелоун, Аријана Гранде и Еминем.

Најслушана песна на деценијата е “Shape of you” од Ед Ширан која е преслушана 2,4 милијарди пати.

Најслушана песна за 2019-та година е “Senorita” од Шон Мендес и Камила Кабељо, Песната е објавена во јуни, а оттогаш е преслушана милијарда пати. Веднаш после неа се нашла песната на Били Ејлиш “Bad Guy” со 900 милиони кликови. Били Ејлиш се нашла и на врвот на најпопуларните албуми со својот дебитантски албум “When we all fall asleep where do we go”.

Повеќе на Музика24...