Кина ќе забрани караоке песни со „нелегална содржина“

Кина ќе ги забрани караоке песните што содржат „нелегална содржина“, објави тамошното Министерство за култура и туризам. Песните што спаѓаат во оваа категорија се оние што го загрозуваат националното единство, суверенитет или територијален интегритет. Оние локали што нудат караоке, беа повикани да ги прегледаат песните и да ги наведат до министерството оние што се потенцијално штетни.

Правилата треба да стапат на сила на 1 октомври.

Други песни што треба да бидат забранети вклучуваат оние кои поттикнуваат етничка омраза и етничка дискриминација, загрозување на националната безбедност или повреда на националната чест и интереси, прекршување на верските политики на државата, пропагирање непристојност, коцкање, насилство и други криминални активности.

Според министерството, Кина има повеќе од 50.000 локали за „забава со песни и танци“ низ целата земја. На локалите им било тешко да ги идентификуваат илегалните песни, со оглед дека некои имале музички библиотеки со повеќе од 100.000 песни. Ова не е првпат Кина да забранува песни на места за караоке.

Во 2015 година, министерството објави црна листа од 120 песни „за непристојност, насилство, криминал или нанесуваат штета на општествениот морал“. Песните како „Пекиншки хулигани“, „Дневник на самоубиство“ и „Не сакам да одам на училиште“ беа меѓу оние што се опишани како со „сериозно проблематична содржина“, се вели во извештајот на државниот медиум Глобал тајмс.

Цензурата е честа појава во Кина, при што компаниите за социјални медиуми рутински отстрануваат содржини за кои се смета дека се закана за социјалната стабилност или владејачката Комунистичка партија.

Извор: BBC

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com