Прочитајте: Кое било уметничкото име на популарниот Здравко Чолиќ (Фото)

Тешко е да се поверува дека по толку години успешна кариера постои нешто што фановите не го знаат за популарниот пејач Здрако Чолиќ, но неодамна се појави детаљ кој им бил познат само на малкумина. Чолиќ во далечната 1974-та година склопил договор со компанијата “Warner Bros. Records” и снимил неколку синглови за германското говорно подрачје, а она што е особено интересно е дека за тие потреби го користел уметничкото име Дравко.

За тоа сведочи и омотот од неговиот албум “Madre Mia (Meine Mutter)” кој имал три песни “Madre Mia”, “Rock’n Roll Himmel” и “Alles was Ich Hab”. Но, тоа секако не е се кога станува збор за неговата странска кариера со оглед на фактот дека во 1987 година издал сингл на англиски јазик “Light Me – I’m Not a Robot Man”, кога исто така, го користел името Дравко.

Повеќе на Музика24...