Кој е раперот што направи патики со човечка крв

Американскиот рапер Монтеро Хил, попознат како Лил Нас Х, беше во центарот на вниманието на светската јавност затоа што учествуваше во дизајнирањето на таканаречените „сатански патики“, за кои Најк реши да го тужи уметничкиот колектив MSCHF, со кој музичар соработуваше на овој контроверзен проект.

Раперот Монтеро Хил, кој во јавноста се претставува како Лил Нас Х, има 22 години, а неверојатен успех постигна со неговиот прв кантри рап сингл „Old Town Road“, што е дует со Били Реј Сајрус.

Оваа песна беше на првото место на официјалнитетоп листи во повеќето земји во светот, додека во неговата татковина песната беше на самиот врв цели 19 недели, што досега ниту една песна во историјата не успеала да ја направи.

Пред две години, Лил Нас Х откри дека е во хомосексуална ориентација и со тоа позитивно изненади многумина, а во емисијата со познатата водителка Елен Деџенерис откри дека е вистинско време да се направи такво нешто.

“Моите најблиски открија дека сум хомосексуалец неколку недели пред да му го откријам тоа на целиот свет. Нема потреба да лажам за тоа”, рече тој, што ја воодушеви Елен, која се прогласи за член на ЛГБТК заедницата пред дваесет години.

MSCHF во понеделникот објави 666 пара патики во соработка со раперот Лил Нас Х и вели дека се распродадени за помалку од една минута, пренесува Би-Би-Си. Лансирањето се совпаѓа со објавувањето на спотот за новата песна на Лил Нас Х „Montero (Call Me By Your Name)“, во која раперот оди „од рајот во пеколот“ во „сатански патики“.

Контроверзните патики чинат 1.018 долари, а покрај црвената боја, во ѓонот носат и една капка човечка крв, што ја донираа членовите на уметничкиот колектив.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com