Прочитајте: Кој требало да го отпее големиот хит “Иди док си млад”?

Хит песната “Иди док си млад” која што пред многу години ја отпеа Светлана Цеца Ражњатовиќ, пред воопшто да се сними претходно била понудена на сосема друга пејачка. И како што велат старите, не за кого е речено туку за кого е печено, прво песната била понудена на Весна Змијанац.

“Весна Змијанац требаше да ја сними “Иди док си млад”. Меѓутоа не и се допаднал текстот, иако и се допаднала мелодијата. Токму во тоа време јас со мојата сестра Лидија отидовме да ги преслушаме новите песни кај Марина Туцаковиќ. Таа тогаш не ја отпеа песната, но јас на прво слушање ја прифатив. Само кажав: “Тоа е тоа”, вели Ражњатовиќ која изминатите години на сите нам ни покажа дека навистина има интуиција за хит со оглед на тоа дека денес тоа е една од нејзините напопуларни песни.

Освен песната “Иди док си млад” и познатата “Кукавица” пред Цеца ја одбиле Весна Змијанац, Драгана Мирковиќ и Мира Шкориќ.

Повеќе на Музика24...