Колку пари има заработено Мараја Кери од најголемиот божиќен хит?

Ова е период од годината кога речиси секој од нас понесен од новогодишната еуфорија и големиот празник Божиќ, си ја потпевнува хит песната “All i want for Christmas is You“ од Мараја Кери.

Песната е објавена во 1994-та година, а е една од најпознатите божиќни поп нумери. Оваа песна и донесе голема заработувачка на пејачката, пишува Си-ен-ен. Можеби ќе звучи неверојатно, но оваа песна “All i want for Christmas is You“ иако се емитува веќе 25 години, годинава за првпат се најде на врвот на листата на Билборд Хот 100.

Се очекува оваа година Кери да заработи околу 600.000 долари помеѓу ноември и Божиќ. Благодарение на оваа песна пејачката заработила повеќе од 60 милиони долари и тоа од авторски хонорари од песната, според проценката на “Економист” за 2016 година.

Таа е родена на 27-ми март 1970 и е американска R&B/поп пејачка-текстописец, снимачки продуцент и актерка.

Повеќе на Музика24...