Легендарната песна од Дадо Топиќ посветена на Македонија полни 47 години (Видео)

Една од култните и легендарни песни на екс-југослвенската рок група “Time”, песната “Македонија” чии комплетен автор е Дадо Топиќ вчера на 5-ти јуни го прослави својот 47-ми роденден. Песната е снимена на 5-ти јуни во 1973 година. Како членови на оваа култна група се вбројуваат: Дадо Топиќ – вокал и басист, Ведран Божиќ – гитара и Пеце Петеј – тапани.

Интересно за снимањето е тоа што поради истото Пеце Петеј доцни на својата венчавка, а месец и половина подоцна Петеј преку телефон во договор со својата најмила ја презакажува веќе закажаната венчавка. Кум му е Дадо Топиќ.

Песната за прв пат во Македонија ја препеа групата “Меморија” и таа се најде на нивниот албум “Охридските дождови”.

Повеќе на Музика24...