Македонец одржа концерт на пијано на аеродромот во Доха (Видео)

Македонецот од Австралија, Христијан Спировски кој потекнува од Битола одржа концерт на клавир на аеродромот во Доха. 30-годишниот Христијан кој живее во Мелбурн, веќе подолго време е атракција на аеродромите низ целиот свет.

Младиот музичар на светските аеродроми со својата изведба на светските хитови на клавир ги воодушевува сите присутни. Христијан изведува и традиционални мелодии од Балканот. Тој неодамна ги забавуваше патниците на аеродромот во Доха, Катар.

Повеќе на Музика24...