На продажба долна облека на Елвис Присли (Фото)

Парче меморијали на кралот на рокенролот, Елвис Присли, е на продажба, нешто типично за неговиот стил на облекување, суспензор со појас со вештачки дијаманти. Суспензорот (заштитник за гениталии) го направил еден фан за Елвис, а подоцна завршил во колекцијата на Џими Велвет, пејач што го отвори музејот “Елвис” во Мемфис.

Даниел Вејд, менаџер на “Пол Фрејзер колектиблс”, кој го нуди на продажба во Велика Британија за 30.000 фунти (52.300 долари) тврди дека Елвис го носел неколкупати во 70-тите, пренесува “Ројтерс”.

“Тоа е екстравагантно, апсурдно, ама е апсолутно Елвис”, рече тој,

Повеќе на Музика24...