Неродено бебе сними дебитански албум (Фото+Видео)

Пред неколку децении, музичарите снимаа музика со посебна намера да му помогнат на бебето да се развива во матката и да го научи на познати песни. Сега улогите се сменија, па неродено бебе го сними својот деби албум – за возрасните да можат да уживаат во неговите звуци.

Бебето, наречено Лука Јупанки, е ќерка на Елизабет Харт, басистка на психоделичната рок-група „Psychic Ills“ и Иван Дијаз Мате, соработник на продуцентот Ли „Скреч“ Пери. Лука Јупанки создаде песни на нејзиниот албум користејќи MIDI технологија, што нејзините движења во матката ги претвори во звук. MIDI камерата прикачена на стомакот на Елизабет Харт, ги снимаше вибрациите создадени од Јупанки и ги транскрибираше во синтисајзерите на Иван Дијаз Мате, медитативен процес кој траеше повеќе од пет едночасовни сесии.

 

Харт и Мате потоа ги уредуваа и мешаа резултатите од сесиите, притоа почитувајќи ја музичката автономија на бебето, така што неговата порака ќе постои во нејзината сурова форма. Резултатот беше компилација од песни наречени „Звуци на нероденото“, кои ќе бидат достапни за слушателите од 2-ри април преку музичката куќа „Sacred Bones“.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com