Нова верзија на „Ода на радоста“: Брајaн Меј од „Квин“ и шпански музичари ја снимија „Himno A La Alegría“ (Видео)

Познатата композиција на Лудвиг Ван Бетовен – „Ода на радоста“, доби нова верзија. Бројни изведувачи од шпанско говорно подрачје ги здружија силите и ја изведоа „Himno A La Alegría“ („Химна на радоста“).

“Тоа е глас на хармонија и надеж, на братство и унија. Вредности што не претставуваат и кои сега се попотребни од кога било. Но, пред сè тоа е глас на солидарност, за пољубезен и похуман свет. За прв пат во Шпанија, повеќе од 40 уметници учествуваа алтруистички во овој сингл, заедно со Брајан Меј. Снимена едногласно од водечките дискографски куќи: Universal Music, Sony Music и Warner Music за покажување на безусловна поддршка на музичката индустрија”, велат во заедничкото соопштение продуцентите.

Свој придонес во создавањето на песната дадоа музичарите Aitana, Alejandro Lerner, Alejandro Sanz, Alessia Cara, Alex Ubago, Ana Mena, Andrés Calamaro, Andrés Dvicio, Antonio José, Antonio Orozco, Camilo, Carlos Rivera, David Bisbal , Dulce Pontes, Draco, Fher Olvera (Maná), India Martínez, Joy (Jesse & Joy), Juanes, Lali, Laura Pausini, Leire Martínez (La Oreja de Van Gogh), Luis Cobos, Macaco, Malú, Manolo García, Manuel Carrasco, Mau and Ricky, Melendi, Miguel Ríos, Mikel Izal, Nathy Peluso, Mad4Strings Orchestra, Pablo Alborán, Pablo López, Rosario, Rozalén, Sebastián Yatra, Vanesa Martín и Coro Cantorum  а тука беше и гитаристот на групата „Квин“, кој на одличен начин го изведе својот дел од композицијата на гитара.

“Неверојатен настан ! „Ода на радоста“ на Бетовен станува „Химна на радоста“ со блескава низа таленти. Ми беше чест да бидам гостин ! Честитки за сите”, напиша Брајан Меј на Инстаграм.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com