Побегнале од старечки дом за да одат на фестивал на метал музика

Двајца пензионери од Германија го воодушевиле светот откако минатата година побегнале од старечкиот дом, за да присуствуваат на еден од најголемите светски фестивали на метал музиката “Wacken Open Air”. Полицијата овие весели џентлмени ги пронашла во три часот наутро, како лудо се забавуваат на концертот на групата која свирела метал.

За исчезнувањето на пензионерите, полицијата ја известиле вработените во старечкиот дом кои се загрижиле кога сфатиле дека двајцата пензионери никаде ги нема. Кога полицијата конечно ги лоцирала, двајцата стари рокери одбиле да одат во кревет, па во старечкиот дом се вратиле во придружба на полицијата од каде тврдат дека господата биле малку дезориентирани.

“Изгледа дека навистина им се допаднал фестивалот”, изјавил Мерл Меуфелд, гласноговорникот на локалната полиција. Фестивалот го посетиле 75 илјади луѓе, а меѓу нив имало и двајца пензионери чии имиња не се познати, но можеме да замислиме како се забавувале на жестокиот ритам на гитарите, бубњевите и длабоките гласови.

Повеќе на Музика24...