Познати се најплатените музичари за 2019-та година

Сумата што успеаа да ја заработат за само 365 дена, многумина можат само да ја замислат, па дури и оние што се на крајот на оваа листа не може да се каже дека не се задоволни од приходите за оваа година. Годинава, втор пат во последните пет години, Тејлор Свифт е прва на списокот “Форбс”, со заработувачка од неверојатни 185 милиони долари од нејзиниот нов албум и турнејата.

На второ место е раперот Канје Вест со 150 милиони долари, кои ги заработи од продажбата на неговите патики “Јези”, а на третото место е британскиот музичар Ед Ширан со 110 милиони долари.

Благодарение на големиот број настапи, калифорнискиот рок бенд “Иглс” заработи 100 милиони во текот на изминатата година и се најде на четвртото место, а Елтон Џон заработи со својата проштална турнеја 84 милиони долари и заврши на петтото место. Џеј Зи и Бијонсе го делат шестото место со 81 милион, на осмото е Дрејк (75 милиони), деветтото Диди (70 милиони) и десеттото Металика со 68,5 милиони долари.

На другите места на листата на Форбс се најдоа следниве изведувачи:

11. Ријана – 62 милиони долари

12. Тревис Скот – 58 милиони долари

13. Џастин Тимберлејк – 57,5 ​​милиони (дели место)

13. Кети Пери – 57,5 ​​милиони долари (дели место)

15. Пинк – 57 милиони долари

15. БТС – 57 милиони долари

17. Били Џоел – 52 милиони долари

18. Бруно Марс – 51 милион долари

19. Еминем – 50 милиони долари (дели место)

19.Џими Бафет – 50 милиони долари (дели место)

21. Флитвуд Мек – 49 милиони долари

22. Пол Мекартни – 48 милиони долари (дели место)

22. Ариана Гранде – 48 милиони долари (дели место)

Повеќе на Музика24...