Реге музиката се најде на листата на светско културно наследство на УНЕСКО

Реге музиката, која доби меѓународна слава благодарение на артисти како Боб Марли, се најде на листата на светско културно наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Овој музички жанр, кој потекнува од Јамајка влегува на листата на културни богатства како нематеријално културно наследство, за кое Обединетите нации ќе се залагаат за промоција и негова заштита. Регето е родено во Јамајка, а како највлијателни промотери се Боб Марли, Питер Тош и “Toots and the Maytals”. Образложена е како социо-политичка, духовна и сензуална музика која опфаќа прашања за неправдата, отпорот, љубовта и хуманоста.

Јамајка аплицираше за вклучување на реге музиката на оваа листа оваа година на состанокот на агенцијата на ОН на островот Маурициус, каде што беа разгледани 40 предлози.

Повеќе на Музика24...