Славниот фустан на Мерлин Монро продаден за 120.000 илјади долари (Фото+Видео)

Лични предмети на славната холивудска дива Мерилин Монро се продадоа на аукција во Лос Анџелес по вкупна цена од 1,2 милиони долари. На аукцијата во организација на Profiles in History што се одржа вчера, се продаде и верзија на славниот бел фустан на Монро од филмот “The Seven Year Itch” што дизајнерот Бил Травилја ја направил за актерката за да го користи на турнеи.

Легендарниот фустан што се продаде за 120.000 илјади долари ќе остане запаметен од сцената во филмот каде Монро поминува над отвор за вентилација и лелеавото здолниште и се разлетува нагоре.

На аукцијата насловена Essentially Marilyn се продаде и фотографија што Монро ја потпишала за извршниот продуцент на филмското студио 20th Century Fox Бен Лион, со посвета: “Ме најде, ми даде име и веруваше во мене”.

Се продадоа костими и од други легендарни филмови на Монро, како “Gentlemen Prefer Blondes” и “How to Marry a Millionaire”, сценариото на Монро за “The Seven Year Itch” со нејзини белешки во ракопис, како и лични предмети, како поканата и програмата за 45-тиот роденден на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди каде што славно ја испеа “Среќен роденден, господине претседателе” во Madison Square Garden.

“Досега немало аукција со 15 костими на Мерилин Монро”, велат од аукциската куќа за продажбата на личните предмети на актерката родена како Норма Џин Мортенсон.

Повеќе на Музика24...