Магазин

Погледнете: Кои се најромантичните дестинации за Денот на вљубените

Во петок 14-ти фебруари, многу од вас ќе го слават Св.Трифун – Денот на виното, но многумина од вас, особено оние заљубените со особено задовоство и повод ќе го прославуваат Денот на заљубените или Св. Валентајн. Музика24 овој пат во рубриката 24забава ви препорачува интересни и романтични места каде секој од вас би сакал да го помине празникот кој што го прославува. Дали ќе го изнанадите вашиот дечко или пак девојка, тоа оставаме на вас, но сепак, ние сепак мислиме дека нема поубав подарок од заедничко патување на некоја убава дестинација.

Во продолжение ви предлагаме неколку дестинации кои можете да ги посетите за Денот на вљубените.

  • Париз, Франција

Доколку барате идеја за вистинско романтично патување, посетете го Париз, најромантичното место на планетата. Излезете на прошетка и посетете некои од прекрасните кафулиња во овој град. Посетете го Монтмартр за да се прошетате на најромантичното место во Париз.

  • Виена, Австрија

Виена е град со големо историско и културно наследнство и сигурно е дека ќе ви се допадне. Има многу убави места кои може да ги посетите во овој град, како што се неверојатни замоци, цркви и музеи.

  • Санторини, Грција

Кога зборуваме за романтични места, го замислуваме белото село Оиа, синото море и две чаши вино додека го гледаме заоѓањето на Сонцето. Ова може да биде идеална дестинација за да го прославите Денот на вљубените. Ќе уживате во секој момент поминат на овој остров.

  • Рим, Италија

Рим е еден од најромантичните градови во оваа земја, што го прави совршен кандидат за да го посетите на 14-ти февруари. Има многу знаменитости кои ќе сакате да ги видите, како што се Колосеумот, Римскиот форум и Пантеонот, кој некогаш беше пагански храм, а подоцна стана црква. Рим има повеќе од 1.000 знаменитости, романтични ресторани и кафулиња во кои може да одите на романтична вечера.

Можеби ќе ве интересира: