24 ЕКСКЛУЗИВНО: “Психомодо поп” ќе настапат на “Битола Отворен Град”

Специјализираниот македонски музички портал Музика 24 Ви пренесува уште една ексклузивна информација.
Култниот хрватски поп-панк бенд “Психомодо поп” се овогодинешните главни ѕвезди на фестивалот “Битола Отворен Град”. “Психомодо поп” ќе настапат на завршницата на фестивалот на 30 јуни.

Настапот го потврдија и од самиот бенд на нивната официјална веб-страна.

18-то издание на Интернационалниот младински фестивал “Битола отворен град“ ќе се одржи од 26 до 30 јуни.

Во музичкиот дел на фестивалот изминатите години настапија многу познати изведувачи од регионот како: “Електрични оргазам”, Рамбо Амадеус, “Хладно пиво”, “Партибрејкерс”, “Дубиоза колектив” , “Забрањено пушење“ и многу други.

Битолчани ќе уживаат во легендарните хитови: “Фрида”, “Ја волим само тебе”, “Рамона”…

Во продолжение потсетете се на една од нивните најпознати песни:

Специјализираниот македонски музички портал и оваа година ќе го проследи фестивалот. За повеќе детали но и ексклузивни интервјуа следете го нашиот музички портал Музика24.

Повеќе на Музика24...