24 Ексклузивно

Ексклузивно: Алекса Перовиќ се заљуби во Битола (Видео)

Младиот Алекса Перовиќ ја немаше таа среќа да влезе во главното финале на “X Factor Adria”, но тоа и не е толку важно, бидејќи тој продолжува да биде активен на сцената. Пред околу 5 месеци ја издаде својата прва песна насловена “Нечу да се заљубим” која руши рекорди на YouTube. Младиот пејач од Краљево, кој беше финалист и дел од тимот на Емина Јаховиќ заедно со останатите ѕвезди од “X Factor Adria” изминатото лето одржаа концерт во ракометното игралиште во Битола и успеаа да го наполнат до последното место. Магијата од Битола и широкиот сокак го обзеде младиот пејач, па Битола му остана во срцето. Алекса неможе без најубавиот град – како што вели тој, па затоа честа е дестинацијата Крањево-Битола.

“Синоќа имав два настапи. Овде во Милениум и во клуб Давидоф. Дојдов малце да го обновам тоа сеќавање за Битола, кое е навистина прекрасно и повторно се покажа дека Битола е најдобар град, а Македонија најдобрата република во која што имам настапувано. Драго ми е што повторно сум во Битола и се надевам дека повторно ќе имам можност да дојдам. И дај боже еден ден да го наполнам сам ракометното игралиште, како што беше изминатово лето”, вели Алекса Перовиќ за емисијата Stage која се емитува на битолската Орбис телевизија, а воедно и соработници на специјализираниот македонски музички портал Музика24. Многумина незнаат дека покрај пеењето и одличната изведба на сцена, Алекса Перовиќ шармерот и миленикот поседува и инзвонреден талент за компонирање. Можеби не сме имале прилика да го слушнеме, но наскоро и тоа ќе се оствари. Па затоа и прашавме што работи Алекса?

“Епа вака… Пред се јас најповеќе сум посветен на компонирање и пишување на текстови. Како што знаете веќе една песна му имам напишано на Даниел Кајмаковски која сеуште не е објавена. Меѓутоа имам план да направам уште една песна за него која ќе биде многу подобра од оваа сега. Едноставно, секоја вечер пишувам по нешто. Секогаш кога ќе имам инспирација, пишувам, свирам, творам… Тоа некако ми е главна преокупација моментално и здравје боже кариерата ќе ми се заснова само на авторски дела”, вели Перовиќ. Покрај тоа што постојано компонира и твори ние го запрашавме дали летово ќе не изненади со некој летен хит и што друго да очекуваме од него?

“Она што веднам можам да ви го кажам е дека на лето треба да очекувате нова песна која ќе биде дуел со едно познато музичко име, а пред крајот на годината една многу многу добра балада која јас ја работев и за која имам потврда дури од стручњаци. Верувајте рекоа дека баладата има потенцијал да биде нешто невидено до сега”, истакна Алекса.

Го оставивме миленикот од “X Factor Adria” со неговите фанови кои нестрпливо го очекуваа од раните утрински часови за да се сликаат со него и да им даде автограм. А тој ни даде ветување дека за брзо време повторно ќе се врати да испие уште едно кафе на Широк Сокак.

Подготви: Редакција на Музика24

Видео: ТВ Орбис – Битола

Можеби ќе ве интересира: