Лепа Брена ужива во убавините на Охрид (Видео)

Познатата балканска фолк пејачка Лепа Брена е веќе во Охрид. Како што во неколку наврати пишувавме, таа утре 29-ти јули ќе има свој голем концерт на плажата “Градиште 2”, но во меѓувреме додека дојде моментот за големиот концерт, Брена секоја слободна минута ја користи за да го прошета и лично да ги види и доживее убавините на нашиот преубав Охрид. Таа со својата екипа моментално се наоѓа на изворите на Свети Наум, а како тоа визуелно изгледа, погледнете во продолжение.

Lepa Brena Izvori Sv Naum (Najava (Sabota) 29 Juli 2017 Ohrid Gradiste Koncert)

Gepostet von Stojan Stojanovski am Freitag, 28. Juli 2017

Инаку, сите вие кои сте големи фанови на оваа голема балканска музичка ѕвезда, доколку немате можност да бидете утревечер на веќе најавениот голем концерт, Брена свој настап ќе има на 29-ти септември во градот под Исарот, градот Штип на познатата и традиционална “Штипска пастрмалијада”.

Подготви: Марија Поповска

Видеото е превземено од: Стојан Стојановски 2С

Повеќе на Музика24...