Добра вест за ивент индустријата: Аплицирањето за јавниот повик на Владата ќе започне во следните 20 дена

Владата на Република Македонија како дел 5-от пакет мерки за поддршка на економијата, најави мерка која се однесува на поддршка за индустријата и операторите за организација на настани. Асоцијацијата на ивент индустријата во повеќе наврати апелираше за помош на нивниот сектор. Тие на 1-ви март, пред Владата одржа и собир под мотото „ПОМЕН – една година тишина!“, а по повод точно една година од забраната за одржување на јавни настани. Единствениот специјализиран македонски музички портал – Музика24, упати прашање до портпаролот на Владата за спроведувањето на ветената мерка.

“Јавниот повик за аплицирање со проекти од ивент индустријата, кој дел од петтиот пакет мерки на Владата, се очекува да започне во наредните 20-тина дена”, велат од Владата на Република Македонија за Музика24.

Мерката 11 која е намената за поддршка на индустријата и операторите за организација на настани за реализација на проекти кои се од исклучителен јавен и државен интерес е во износ од 61 милион денари. Програмата ќе ја реализира Генералниот секретаријат на Владата при што апликантите, односно операторите кои организираат јавни настани ќе треба да се придржуваат до следните критериуми: прво, настани на зададена тема од исклучителен јавен и државен интерес, второ обезбедување видливост на настанот пред широка домашна јавност преку партнерства со националните и останатите телевизии и преку другите видови медиуми и трето вклучување изведувачи, едукатори, културни оператори, уметници, музичари и други во продукцијата на содржини во рамки на настаните од јавен интерес.

Подготви: Филип Етмишовски

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com