Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ексклузвно дознава дека познатиот македонски фолк изведувач Душко Геогриевски на 26-ти февруари во киното “Фросина” при Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе одржи емотивен и интемен концерт за публиката која вистински ја цени, почитува и вреднува неговата досегашна работа и музичка кариера. “Свири ми свири виолино” е насловен овој концерт според истоимената песна со која Георгиевски победи на минатогодиното издание на фолк фестивалот “Валандово 2015”.
Изведени ќе бидат сите негови најголеми хитови, а како гости таа вечер на сцената ќе настапат Благица Павловска, Мерсиха Шукри, Мандолинскиот оркестар “Скопје” под диригенство на маестро Рамадан Шукри, и водителот Мите Грозданов. Како што велат организаторите за Музика24, концертот се подготува беспрекорно, трпеливо и професионално, впрочем на ист начин на кој што овој пејач ја гради својата богата уметничка кариера.
Подготви: Иван Јосимовски
Фото: Горан Десковски