24 Ексклузивно

Ексклузивно: Анета Молика во дует со Маринко Роквиќ (Фото)

Откако потпишаа договор со Гранд продукција за промоција на нивниот најнов студиски албум започна нивната агенда на соработки со балканската фолк естрада, а една од нив е и Маринко Роквиќ кој пристигна во Скопје да го снимат долго очекуваниот заеднички дует. Како што дознаваме, се работи за обработка на македонската традиционална композиција “Калино моме” која е веќе подготвена, само недостасува вокалот на Анета Мицевска и Маринко Роквиќ.

A 1“Со Маринко Роквиќ сме пред се многу добри пријатели, така што дојдовме нашето пријателство да го овековечиме со дует независно дали е се работи за македонска композиција која е позната кај нас, сепак честа ни припадна да оствариме соработка”, изјави Џими Мицевски кој видно беше пресреќен кој најави многу новини во нивната музичка кариера. Воедно нивните настапи се сеуште резервирани однапред така што и Србија ќе има можност да ужива и во настапот на Анета Мицевска, поточно на 17-ти март имаат свој настап во “Перпер” ресторан.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: