24 Ексклузивно

Ексклузивно: Дали Боби Мојсоски ќе биде вториот Тоше?!

Музика24 од свои извори дознава дека младиот надежен пејач Боби Мојсоски од неодамна има и свој менаџерски тим зад себе. Станува збор за веќе докажаниот Глигор Копров кој според нашите извори, ќе биде новиот менаџер кој ќе се грижи комплетно за кариера на Боби, а тоа подразбира подготовка на нови песни, настап на многубројни македонски и меѓународни фестивали… и многу повеќе.

Дали по соработката со нашата македонска музичка легенда Тоше Проески на повидок е нова соработка помеѓу хитмејкерот Глигор Копров и младиот охриѓанец Боби Мојсоски, тоа сеуште не знаеме, но како велат старите, каде што има чад има и оган. Деновиве очекуваме и официјално да ни ја потврдат оваа информација веќе споменатите и да честитеме 🙂

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: