24 Ексклузивно

Ексклузивно: Јелена Томашевиќ ќе одржи концерт во Битола

Специјализираниот македонски музички портал – Музика 24 од сопствени извори во Центар за култура – Битола дознава дека познатата српска пејачка Јелена Томашевиќ ќе одржи концерт во Битола. Настапот на Томашевиќ е во рамки на Фестивалот на музика од светот.

Јелена ќе настапи заедно со Битолскиот камерен оркестар, кој е посебно активен и популарен последниве неколку години. Фестивалот на музика од светот ќе се одржи од 15 до 17 ноември а го организира Центарот за култура – Битола со подршка на Министерството за култура.

Покрај Томашевиќ на овогодинешното издание на фестивалот ќе настапи и Џамбо Агушев. Наскоро очекувајте повеќе детали и целосната програма на фестивалот.

Можеби ќе ве интересира: