24 Ексклузивно

Ексклузивно: Сања “Раке пуке раке шлаке” има нова песна?!

Музичкиот портал Музика24 од прва рака дознава дека веќе познатата фолкерка Сања Ристеска или попозната кај нас како Сања Раке пуке Раке Шлаке има нова песна, а во тек е снимањето на најновиот спот каде според наши извори, главен статист е Ферус Мустафов, а освен него во спотот се појавуваат уште шест маникенки и двајца маникени.

Нашите извори велат дека авторите на веќе далеку познатата Раке пуке… решиле на Сања да и подарат гратис песна, бидејќи според нив не била доволно добра за неа и поради тоа таа добива нова песна која се вика “Машала”, а за која во наредните денови од Бокс продукција кои го снимаат и новиот спот, го очекуваме готовиот производ кој секако ќе го промовираме на нашиот музички портал.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: