Ексклузивно: Таско и Раста со заедничка песна

Како што дознава музичкиот портал Музика24 од свои извори, македонскиот познат хип хоп артист, дечкото кој што речиси сите девојки го обожуваат, нашиот Таско наскоро ќе промовира заедничка песна со Раста, познатиот балкански поп, рнб и хип хоп артист.

Таско пред извесен период престојуваше во Белград, во студиото на Балкантон каде што заедно со Раста и другите момци и ексклузивци на ова продукција снимаа и продуцираа нова музика, звук, песни за кои допрва ќе се зборува и пишува. Тој за ова искуство вели:

“После оној концерт што се случи во Охрид на Билјанини извори, Раста, Маја Беровиќ, Таско, некако природно дојде да имаме соработка со Раста. Се вратив од Белград пред неколку дена, од таму доаѓам, и да бевме таму за работа. Голема Благодарност за момците од Балкатон кои не примија, кои не угостија како да сме дома. Бевме затворени буквално по 12 часа во студио и цело време продуктивно… инструментали, текстови, ова вака, она така… но на крајот од денот имаме некакви продукти и се надевам дека ќе искочи во брзо време”, изјави Таско.

Додека се појави новото музичко изненадување од нив двајцата, на 9-ти ноември во А1 арената незаборавајте дека Таско заедно со Раста ќе бидат на иста бина, на истиот голем концерт кој што веруваме со нетрпение го очекувате.

Повеќе на Музика24...