ЕКСКЛУЗИВНО: Ви откриваме дел од ѕвездите на овогодинешниот Пиво Фест

Специјализираниот македонски музички портал – Музика 24 Ви го најавува престојното издание на “Пиво фест”- Прилеп.
“Пиво фест” 2019 ќе се одржи од 18 до 21 јули. Прв потврден изведувач на овогодинешниот фестивал е Саша Матиќ. Тој ќе настапи на последниог фестивалски ден – 21 јули. Популарниот српски пејач информацијата ја потврди на својот официјален Facebook профил.

Од извори блиски до организацијата дознаваме дека во моментов се преговара за настап на фолк дивата Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Цеца претходно настапи на Пиво фест во 2010 година.

Во градот под Марковите кули се шпекулира и за евентуална промена на локацијата на одржување. Но засега нема официјална потврда.

Следете не за уште ексклузивни информации.

Повеќе на Музика24...