Ексклузивно: Во октомври нов албум и концерт посветени на Тоше Проески

Како што дознава музичкиот портал Музика24, албумот со необјавени песни од Тоше Проески, “Secret place”, ќе се промовира на 13-ти октомври. Албумот е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт и на него се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови. Истиот ден во арената “Борис Трајковски” во Скопје ќе се одржи голем концерт во чест на Тоше. На концертот ќе бидат промовирани песните од новиот албум, а предвидено е македонски и балкански ѕвезди да ги пејат неговите хитови. Тоше Проески, нашата најголема македонска поп легенда, почина на 16-ти октомври 2007-та година, во сообраќајна несреќа во Хрватска. Подготви: Дениза Илиевска
Повеќе на Музика24...