24 Ексклузивно

Ексклузивно: Жената на која Бора Чорба ја посвети “Остани џубре до краја”

Една од најубавите српски манекенки во седумдесеттите години Биљана Невајда Шевиќ веќе со години живее далеку од блицевите на фотоапаратите. Како што таа вели, одамна го заборавила површниот сјај и гламур кој со себе го носи животот пред камерите. По триесетгодишната работа како галерист и промоциите на најеминентните српски уметници низ Европа (како Оља Иванјицки, Милиќ од Мачва, Момо Капор, Бане Стефановиќ), денес ужива во своите мирни пензионерски денови, хармоничниот брак и ќерката Милица, која се занимава со организација на големи филмски копродукции. Таа, во тоа време како една од најубавите девојки од Дедиње, ги “кршеше” машките срца, а ексклузивно за српски Телеграф открива дека Бора Ѓорѓевиќ и ги посветил легендарните песни “Остани џубре до краја”, “Два динара друже” и “Последња песма о теби”.

“Интересно е дека со години ме поврзуваа со песната “Лутка са насловне стране”, па редовно морав да се бранам дека не сум “кукла” туку сум “ѓубре”, раскажува шеговито Биљана Невајда. Песната, всушност, настанала откако таа го оставила, а Бора прв пат и ги прочитал стиховите во една кафана.

“Беше навечер. Ѕвони телефонот, се јавува Бора. Ме моли да се најдеме “Под липом” да ми ја прочита песната што ми ја напишал. Се спремам и одам да го видам, и кога таму… Токму како во песната: “Док стои за шанком делимчно пијан, мрзечи помало и себе и друге, убија лагано коњак, цигарете”. Седнавме на маса и он така со пијалак во рака, во својата позната тетратка, во која ги запишуваше своите стихови, прочита: “Нисам од оних који цвиле, више те немам и шта ту могу, бар се насмеши када ме видиш, остани џубре до краја!” Во прв момент тоа “ѓубре” ми звучеше малку грубо, но кога сфатив дека тој термин е, всушност, една опасна, феноменална личност со која ја маѓепсан, а таа немилосрдно го остава, дефинитвно ми се допадна песната! Меѓутоа, тоа беше се. Во тој момент не предизвика никаков потрес во мене. Се сеќавам дека дури бев и рамнодушна кога ја пуштаа на мојата свадба. Воопшто не ме допре”, раскажува Биљана за Телеграф.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: