24 Ексклузивно

Ексклузивно: Елена Ристевска учесник во новата сезона на “ТЛЗП” (Фото)

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ексклузивно дознава дека нашата македонска позната поп пејачка Елена Ристевска ќе биде дел од втората сезона на реалното тв шоу на српската телевизија Прва “Твоето лице звучи познато”. Како што дознаваме, во тек се пробите каде што дел од учесниците го пробуваат својот дел во шоуто. Снимањето започнува наскоро, а ние ексклузивно Ви ги претставуваме сите учесници кои ќе се појават во ова тв шоу.

Меѓу нив се и познатата фолк пејачка надалеку познатата Неда Украден која вели дека со душа чека да започне шоуто, најпознатиот српски глумец Милан Гане Гутовиќ кој го паметиме по славната улога на Среќко Шоиќ, српската фолк пејачка Тања Савиќ, српските глумци Јелена Гавриловиќ, Ненад Окановиќ и Катерина Богичевиќ, како и фолк пејачот Драган Којиќ Кеба.

Tvoeto lice zvuci poznato_elenaОваа година има промени во таканареченото жири, па освен Иван Ивановиќ и Марија Михајловиќ, во истото се вклучува и Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, а четвртиот член на жири комисијата ќе се менува од емисија во емисија, додека водителка исто како и минатата сезона и ова ќе биде Марија Килибарда.

Во ова шоу нема елиминации, туку поените се собираат се до полуфиналните емисии. Само за подсетување, победник на првата сезона е фолк пејачката Ана Кокиќ. Националната македонска телевизија – ТВ Сител ќе ги емитува сите епизоди од оваа сезона на познатото реално тв шоу “Твоето лице звучи познато”.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: