24 Ексклузивно

24 Ексклузивно: Група Фонтана со солистички концерт и ексклузивни гости

Специјализираниот македонски музички портал Музика24, ексклузивно дознава и Ве информира дека на 5-ти декември со почеток во 20 часот во големата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одржи солистички концерт на македонската музичка група “Фонтана” од Битола насловен “Од нашата душа”. Како што дознаваме, на овој концерт ќе биде претставен и промовиран сосема нов музички материјал кој се темели врз нашата традиција, староградска народна музика.

На огромно задоволство на сите нас, специјална гостинка на групата “Фонтана” ќе биде нашата најголема музичка ѕвезда Каролина Гочева, а покрај неа, специјално од Турција доаѓа младата музичка пејачка ѕвезда Гемзе Матраци која што е една исклучително талентирана пејачка и инстументалист која ќе го промовира нејзиниот албум со македонски народни песни.

Grupa Fontana_koncertПокрај овие две големи пејачки имиња, на концертот гостин ќе биде и виртуозот на труба, светски познатиот Џамбо Агушев, како и познатиот виолинист Владимир Крстев, гудачки оркестар и уште неколку други музички изненадувања.

Картите за концертот веќе се пуштени во продажба и може да ги набавите на билетарата на Центарот за култура во Битола, и уште неколку други продажни места низ овој град – градот на конзулите.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: